
ФОТО+ВИДЕО | Србинка избрана за мис на Ирска: Убавата Софија студира криминологија, ќе се натпреварува за Мис Универзум
Србинката Софија Лабус е прогласена за најубава жена во Ирска и ќе ја претставува земјата на светскиот избор за Мис Универзум кој во ноември се одржува во Мексико Сити.
Препорачано
Софија, која наскоро ќе наполни 22 години, студира криминологија на Универзитетот во Корк и има намера да работи во борбата против трговијата со луѓе, пишува британски „Мирор“.
Нејзините родители се доселеници од Србија, додека Софија е родена во Корк.
– Мајка ми е жена со силна волја која ме научи дека истрајноста и храброста можат да го совладаат секој предизвик – изјавила убавицата.

Софија ќе биде една од 90-те жени кои ќе се натпреваруваат за главната награда на 73-от избор за Мис Универзум.
– Здраво на сите! Сакам само да им се заблагодарам на сите што ми испратија порака, ми честитаа, ме поддржуваа во текот на изминатите месеци… Тоа за мене е целиот свет. Преплавена сум од љубов и поддршка. Не можам да одговорам на секој коментар, но сакам да знаете дека вечно сум благодарна на секој од вас – рекла Софија по победата.
Софија изјавила дека има намера да се бори за гласовите на жените доколку победи и да ги охрабри да ги остварат своите соништа без оглед на општествените очекувања.
За титулата Мис Универзум првпат ќе можат да се натпреваруваат разведените жени и трансродовите лица, а не постои ниту граница за годините и висината.
