
ФОТO+ВИДЕО | Спектакл на небото: Милиони луѓе го погледнаа целосното затемнување на Сонцето
Милиони луѓе денеска беа сведоци на целосното затемнување на Сонцето.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Целосното затемнување на Сонцето започна на западниот брег на Мексико, а и граѓаните низ дел од САД, од Тексас до Мејн и во Канада имаа можност да го погледнат овој феномен.

Патеката на затемнување започна во градот Мазалтан, Мексико, а се движеше низ Сан Антонио, Остин и Далас, Тексас, потоа низ Индијанаполис, Кливленд, Ајри, Нијагарините водопади, Њујорк, Онтарио и Монтреал. Кога го достигна максимумот, Месечината целосно го блокираше Сонцето, а небото беше темно неколку минути. Oколу Сонцето можеше да се види само тенок прозрачен прстен од неговата атмосфера.

Take it all in.
We’re getting our first views of the 2024 total solar #eclipse as its shadow makes landfall in Mazatlán, Mexico. pic.twitter.com/FdAACmQGkm
— NASA (@NASA) April 8, 2024
На многу места како барови, стадиони, саеми и паркови беше организирано колективно следење на затемнувањето на Сонцето. Во близина на Нијагарините водопади, туристите ја поминаа ноќта во камп приколки и кампери со цел да стигнат до најдобрите можни места.

Инаку, ова е прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде дури во 2044 година.

НАСА на својот канал на Јутјуб објави видео со сателитска слика каде што можеше директно да се следи затемнувањето. Исто така, споделија кратко видео каде прикажаа како изгледа затемнувањето погледнато од вселената.
Ever seen a total solar #eclipse from space?
Here is our astronauts’ view from the @Space_Station pic.twitter.com/2VrZ3Y1Fqz
— NASA (@NASA) April 8, 2024





Утре во Њујорк целосно затемнување на Сонцето, училиштата ќе бидат затворени
Милиони луѓе се подготвуваат за целосното затемнување на Сонцето