Фото: EPA

ФОТО+ВИДЕО | Синоќа се одржа руската Евровизија: Победата отиде во рацете на пејачот од Виетнам

Во Москва синоќа се одржа руската алтернатива на Евровизија – Интервизија, а големиот победник е виетнамскиот пејач Дук Фук, кој со својата песна „Phu Dong Thien Vuong“ („Небесниот крал Фу Донга“) освои вкупно 422 поени од меѓународното жири.

Натпреварувањето се одржа во концертната сала „Лајв Арена“ пред повеќе од 11.000 гледачи, а го пренесуваше државната телевизија „Канал 1“. На сцената настапија изведувачи од над 20 земји, меѓу кои Белорусија, Кина, Куба, Индија, Казахстан, Саудиска Арабија и Србија.

Второто место го освои номадското трио од Киргистан со 373 поени, додека третата позиција ѝ припадна на Дана ал Меер од Катар со 369 поени.

Српскиот претставник Слободан Тркуља / EPA/YURI KOCHETKOV

За разлика од Евровизија, Интервизијата не дозволува гласање на јавноста, туку победникот го избира исклучиво жири составено од претставници на земјите учеснички.

Настанот, кој траеше три и пол часа, започна со обраќање на рускиот претседател Владимир Путин, кој порача дека фестивалот е симбол на зачувување на културниот идентитет.

„Почитувањето на традиционалните вредности и разновидноста на културите е основната идеја на натпреварот и ги инспирира учесниците да достигнат уметнички височини“, изјави Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот