Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Северина го прослави роденденот во „голо“ здолниште, а најголемо внимание предизвика детаљот од 460 евра!

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ го прослави 53-тиот роденден, а големата роденденска прослава се одржала на еден селски имот. Северина славела во друштво на семејството, пријателите и колегите, а дел од атмосферата од прославата откри во фотографии и видеоснимки коишто го објави на својот профил на Инстаграм.

„Девојката од село го прослави роденденот“, напишала кратко Северина со видеото во кое им покажала на своите обожаватели и следбеници на Инстаграм како си поминала на роденденот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Прославата се одржала во природа, на селски имот, а многу луѓе сакале да го одбележат нејзиниот посебен ден со пејачката и да ѝ го честитаат роденденот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Северина, исто така, внимателно го избрала својот роденденски стајлинг, па се одлучила за комбинација во беж тонови. Таа искомбинирала беж џемпер со V-изрез со проѕирно миди здолниште од органза украсено со 3Д цвеќиња во нежно розови нијанси, кои исто така имаат и стебленце.

„Голото“ здолниште е навистина главната ѕвезда на стајлингот на пејачката, а Северина уште еднаш покажала дека таквите „ризични“ модни парчиња ги носи со многу стил и со став.

Кога станува збор за обувките, славеничката се одлучила за удобност во фини беж мокасини, кои се најпопуларниот модел на рамни обувки за пролет, заедно со балетанките.

Но, најинтересно парче е чантата со кратка рачка што Северина ја покажала во видеото и на фотографиите, модел во форма на букет во комбинација од црни и розови цвеќиња, потпишан од ирската дизајнерка Симон Роча.

Чантата, која изгледа како букет цвеќе, се нарекува „Букет чанта“. Моментално не е достапна во официјалната веб-продавница на брендот, но нејзината цена е 395 фунти (околу 460 евра).

ВИДЕО | Северина наполни 53 години: Роденденска прослава во село со синот Александар и најверните пријатели

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот