Фото: Odd ANDERSEN / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Се проѕеваше и ѝ мавташе на толпата: Принцот Луис „го украде шоуто“ на крунисувањето на дедо му

Принцот Луис денеска беше забележан како им мавта на кралските обожаватели додека пристигнува за крунисувањето на својот дедо.

Младиот принц, кој неодамна наполни пет години, им ги украде срцата на луѓето додека патуваше на историскиот настан во кочија со неговите родители, принцот Вилијам и принцезата Кетрин, брат му Џорџ и сестра му Шарлот.


Минатата година, на платинестиот јубилеј на неговата прабаба, кралицата Елизабета Втора, Луис ја забавуваше толпата кога се појави на балконот на Бакингемската палата и правеше смешни фацијални експресии.

На денешната церемонија, принцот Луис седеше во првиот ред во опатијата, заедно со неговото семејство. Пред влезот во Вестминстерската опатија, тој мораше да почека пред опатијата и се чини дека тоа му било малку досадно, па беше забележан како се проѕева.

Фото: Andrew Milligan / AFP / Profimedia

Принцезата Шарлот, која оваа недела наполни осум години, носеше тиара која одговараше на нејзината мајка.

Принцот Џорџ, идниот крал, имаше посебна улога на денешната церемонија – тој ги носеше наметките на неговиот дедо, додека влегува и излегува од Вестминстерската опатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот