
ФОТО+ВИДЕО | „Сакам светот да е љубезен со него“: Колин Фарел проговори за 20-годишниот син кој има ретко генетско нарушување
Во ексклузивно интервју за „Пипл“, ирскиот актер Колин Фарел проговори за здравствената состојба на неговиот 20-годишен син Џејмс, кој боледува од Ангелманов синдром – ретко генетско нарушување, кое се одликува со потешкотии во развојот и невролошки проблеми како што се потешкотии во говорот, рамнотежата и одењето.
Препорачано
„Сакам светот да е љубезен со Џејмс. Сакам светот да се однесува со него со љубезност и почит“, вели актерот за „Пипл“.
„Штом вашето дете ќе наполни 21 година, тоа е на некој начин свој човек. Сите помагала, специјалните обуки, не ви останува ништо, освен млада возрасна личност која треба да биде интегрирана во општеството, но најчесто е изоставена“, изјави актерот.

Со цел да ја подигне свеста, Фарел ја основаше Фондацијата „Колин Фарел“, која ќе ги помага лицата со интелектуална попреченост преку едукација, застапување и иновативни програми.
„Ова е првпат да зборувам за Џејмс и единствената причина поради која го правам ова е што не можам да го прашам него дали сака да проговори на оваа тема. Секако, јас му зборувам како што би зборувал со секое 20-годишно момче, но не можам да добијам одговор од него, не може да ми каже дали се чувствува пријатно што зборувам сега.“, објасни актерот.
Фарел „со години сакал да направи нешто за да обезбеди поголеми можности за семејствата кои имаат дете со посебни потреби, да ја добијат поддршката што ја заслужуваат и помошта во сите области на животот“.
Да потсетиме, Колин Фарел го доби синот Џејмс за време на врската со манекенката Ким Корденгејв. Во 2009 година, актерот го доби и вториот син Хенри со актерката Алицја Бахледа.