ФОТО+ВИДЕО | Последното зелено паркче кај Хотел Јадран се бетонизира, наскоро никнува нова петкатница

На местото на паркот ќе никне петкатница/Фото: Слободен печат

Во паркот кај хотел „Јадран“ на само неколку метри од порта Македонија и Плоштадот ќе се гради зграда со приземје, 5 ката и поткровје. Ова е последната зелена површина останата во овој дел од Мал ринг, која сега ќе се бетонизира, а од неодамна истата е заградена од страна на инвеститорот.

Граѓаните од околните згради бурно реагираат за последното паркче во центарот на градот на кое ќе никне висококатница. Тие велат дека не законски веќе инвеститорот го оградил просторот каде тој со градежни тараби го има и завземено јавниот простор од паркинзите на самата улица но и пристапниот дел до нивните влезови од зградата.

Станарите од шест околни згради веќе немаат каде да паркираат, зошто паркинг местата на ул.„Васил Иљоски“ во строгиот центар на Скопје, се блокирани со контејнери поставени од инвеститорот.

 

 

Инаку овој случај се провлекува уште од владението на предходниот градоначалник на Општина Центар каде тој на 2 ноември неколку дена пред да замине од функција преку информатичкиот систем е-одобрение за градба издава дозвола за градба на фирмата „Сколимекс“. Во решението испратено до жителите на соседните згради стои доколку во рок од 15 дена не се поднесе жалба дозволата за градба станува правосилна.

 

Оградено паркчето позади Хотел Јадран/ ФОТО, Дејан Србиновски – Слободен печат

За овој случај досега на неколку пати од кабинетот на градоначалникот Горан Герасимовски информираа дека дозволата е издадена од неговиот претходник Саша Богдановиќ а сите нејаснотии на јавноста досега беше известена јавноста за сите почнати постапки за добивање градежни дозволи. Во меѓувреме ексградоначалникот Саша Богдановиќ исто така постојано посочуваше дека тој не потпишал никаква дозвола односно дека таа се потпишува откако решението ќе стане правосилно, а додека тој бил на функција процесот бил почнат и се одвивал преку електронскиот систем.

Општина Центар во рамките на процесот на мораториум не успеа да го смени овој план, а откако беше поништен од Уставен суд, инвеститорите слободно можат да се бараат дозволи за градба според она што е нацртано во 2012, во времето кога локална и централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Жителите на улиците Орце Николов, Скопска и Никола Кљусев велат дека имаат неколку дена да соберат потписи и да се жалат за изградбата на зградата која ќе се гради во единствената зелена површина што ја имаат.

Оградено паркчето позади Хотел Јадран/ ФОТО, Дејан Србиновски – Слободен печат

Општина Центар во рамките на процесот на мораториум не успеа да го смени овој план, а откако беше поништен од Уставен суд, инвеститорите слободно можат да се бараат дозволи за градба според она што е нацртано во 2012, во времето кога локална и централна власт беше ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот