Новак Ѓоковиќ со Сиера, Расел Вилсон и нивниот син Фјучр/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ се сретна со една од најзгодните пејачки во светот: Му ја исполни желбата на синот да го запознае српскиот тенисер

Отвореното првенство на САД собира многу познати личности на трибините година по година, а секако е водечкиот Грен слем турнир кога станува збор за познати посетители. Голем број светски ѕвезди можат да се видат и на натпреварите што ги игра српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер има голем број глобално популарни обожаватели, вклучувајќи ја и американската пејачка Сиера.

Сиера и нејзиниот сопруг Расел Вилсон срдечно се поздравиле со Новак Ѓоковиќ, кој објави заедничка фотографија на Инстаграм со пораката: „НОВАК!!! Ти благодарам што си НАЈДОБАР! @djokernole НИЕ ОБОЖАВАВМЕ да те гледаме како тренираш @USOpen одблизу! Фјучр ќе го памети овој момент засекогаш! Најдобри времиња заедно!

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Russell Wilson (@dangerusswilson)

Вилсон, инаку, е познат американски фудбалер.

Синот на Сиера, Фјучр, сакал да се сретне со Новак Ѓоковиќ, па Отвореното првенство на САД било одлична шанса да се случи тоа. Момчето сигурно долго ќе ја памети оваа средба, а Ноле уште еднаш покажа дека е омилен меѓу светските ѕвезди.

Сиера и Расел Вилсон, кои се во брак од 2016 година, се сметаат и за еден од најдобро облечените познати парови, нејзиниот стил особено го фалат, а таа репутација ја оправда и на трибините на тенискиот турнир во Њујорк.

Сиера се смета и за една од најзгодните пејачка, и додека порано на полето на модата, таа најчесто ја имитираше Бијонсе со цел тоа да го забележат сите, како почит кон познатата пејачка, денес има пооригинален стил. Таа ја обожава модата, но и тенисот, па затоа со своите деца и сопругот гледала повеќе натпревари.

 

ВИДЕО: Публиката му правеше проблеми, Ѓоковиќ имаше одговор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!