Фото: Твитер/Гинисова книга на рекорди

ФОТО+ВИДЕО | Најголемата статуа на Дедо Мраз во светот: Украсена е со дури 250 илјади светилки, висока е колку седумкатница

Во овој период од годината, градовите ширум Европа и светот се зафатени со украсување, сè со цел да го дочекаат декември во неговото најпразнично и најубаво руво, пишува „Путни кофер“.

Ни португалскиот град Агуеда не е исклучок од божиќната еуфорија. Тие и годинава додадоа празнична атракција, која го најде своето место во Гинисовата книга на рекорди. Најголемиот Дедо Мраз на светот се наоѓа токму во овој град и неговите улици ги краси од 2016 година.

Дедо Мраз
Фото: Твитер/Гинисова книга на рекорди

Најголемата статуа на Дедо Мраз во светот е висока 21 метар, како седумкатница, и е осветлена со повеќе од 250 илјади светилки. Таа беше поставена на десниот брег на реката Агуеда на 18 ноември и ќе биде таму во 7 јануари следната година.

Иако се наоѓа во многу топол дел на Португалија, каде ни во зима не е премногу студено, жителите на Агуеда многу сериозно ги сфаќаат празниците. До огромниот Дедо Мраз се поставени празнични украси, а музичката група која изведува божиќни песни ѝ дава магична позадина.

Фото: Твитер/Гинисова книга на рекорди

Она што е најинтересно за повеќето посетители е фактот дека на само двесте метри од најголемиот Дедо Мраз се наоѓа и најмалиот Дедо Мраз на светот. Микроскулптурата е дело на британскиот уметник Вилард Виган, познат по создавањето прекрасни минијатури. Најмалиот Дедо Мраз на светот е толку мал што можете да го видите само под микроскоп.

Агуеда е град со околу 50.000 жители, кој се наоѓа во регионот Авеиро и е на околу 70 километри од Порто. Градот е најпознат по својата опуштена атмосфера, богатата културна понуда, традиционално изработената керамика и ткаените корпи… Тој е и регион со одлична гастрономија и добри вина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот