Фото: Инстаграм/Моника Коцарева

ФОТО+ВИДЕО | Македонската дизајнерка Моника Коцарева со блескава ревија на Модната недела во Париз

Македонската модна дизајнерка Моника Коцарева вчера ја претстави својата нова колекција на елегантни вечерни фустани во рамки на престижната Модна недела во Париз.

Настанот се одржа во луксузниот хотел „Ле Мароа“, чиј ентериер потсетува на времето на француската аристократија – со златни детали, кадифени елементи и кристални лустери, создавајќи совршена атмосфера за моден спектакл.

Манекенките продефилираа во раскошните креации на Коцарева пред бројната публика, а по завршувањето на ревијата, дизајнерката се појави на сцената заедно со својата ќерка.

Мајка и ќерка беа модно усогласени, облечени во црни тантелни фустани, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Меѓу гостите на ревијата имаше и Македонци кои допатуваа во Париз за да ја поддржат младата дизајнерка. Пред настапот, Коцарева организираше фотосесија за новата колекција со поглед кон Ајфеловата кула, а дел од ексклузивните фотографии од зад сцената сподели на својот инстаграм-профил.

Фотосесијата ја изработи македонскиот фотограф со интернационална кариера БедСтеф, додека за шминката и фризурата на моделите се погрижи Октај Сејди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот