
ФОТО+ВИДЕО | Mакедонија тргна одлично, па застана: Словенија славеше во Скопје
Maкедонската ракометна репрезентација иако одлично започна сепак претрпе пораз од Словенија во натпреварот од третото коло во квалификациите за Европското првенство со 26:32.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Избраниците на Кире Лазаров имаа одличен почеток и на средина од првиот дел стигнавме и до предност од шест гола разлика (11:5). Во тој период постигнавме и неколку атрактивни погодоци меѓу кои се издвојува шраубата на Марко Митев.
Сепак по тие 11:5 како да застанавме и Словенија заигра многу подобро во продолжение. Се намалуваше нашата предност од минута во минута, па на одмор заминавме само со еден гол предност (16:15).
Почетокот на второто полувреме донесе игра „гол за гол“ во која Словенија за првпат во натпреварот поведе со 18:19.
Како што одминуваше натпреварот нашите ракометари како да губеа здив и Словенија полека си го отвораше патот кон победата.
Со неколку кратки серии Словенија во завршните деетина минути влезе со пет голови предност 22:27 и тука веќе беше јасно дека нема да имаме сили за изненадување.
Најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со десет гола, пет посигна Митев, а четири Пешевски. Митревски натпреварот го заврши со девет интервенции.
Македонија по три кола во групата во кој што е уште Литванија и Словенија има два порази и една победа и со два бода сме третопласирани, Словенија има шест, Литванија четири. Шансите за пласман на Европско првенство се уште постојат бидејќи место обзбедуваат првите две репрезентации од групата, но и четирите најдобро третопласирани селекции.


