Контрапротест на приврзаниците на власта во Србија . Фото: Икс

ФОТО+ВИДЕО: Контрапротести на приврзаниците на Вучиќ и собири против власта – има инциденти

Во низа српски градови попладнето и вечерва започнаа собири на приврзаници на српскиот претседател Александар Вучиќ, додека во Белград, Нови Сад, Чачак и повеќе други градови, паралелно се закажани и граѓански протести на противниците на владејачката Српска напредна партија.

На социјалните мрежи се објавени дрон-фотографии од собирите на „граѓаните против блокади“, на дел од кои се гледаат десетици автобуси со кои биле доведени учесниците.

Фото: Икс

Досега се забележани неколку инциденти. Како што јавува „Н1“, пред зградата на Јавниот сервис полицијата агресивно ги потиснувала демонстрантите дојдени да изразат поддршка на студентите, за да ги спречи да дојдат во контакт со поддржувачите на власта. Еден демонстрант бил уапсен.

Демонстрант против власта е уапсен на протест во Белград / Фото: Н1 Србија

На собирот на приврзаниците на Вучиќ во Белград излегле и неколкумина високи државни функционери.

Инциденти имало и во Богатиќ, каде биле повредени двајца полицајци, при судир со насобраните демонстранти. Во Чачак, според организаторите на протестот, полицајци со пендреци претепале двајца граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот