Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ФОТО+ВИДЕО | Хју Џекмен e во голема неволја: „Ќе биде интересно да го гледаме на суд“

Додека Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се на суд со  Џастин Балдони, нивниот долгогодишен пријател Хју Џекмен неочекувано се најде во неволја. Познатиот актер веќе се соочува со низа негативни кометари на социјалните мрежи откако се фотографираше со долгогодишниот пријател Рајан Рејнолдс, кој во последниот период е честа мета на критики проади судењето со Балдони.

Како што е познато, Лајвли (37) го обвини актерот и режисер на филмот „Ова завршува со нас“ Џастин Балдони за сексуално вознемирување и покревање на кампања за клевета против неа.

Балдони (41) поднесе контратужба за клевета вовлекувајќи ги и Лајвли и Рејнолдс во правна драма. Секако, сите страни негираат вина.

И покрај контроверзиите околу познатата двојка, 56-годишниот Џекмен изгледаше ноншалантно додека позираше покрај Рејнолдс и продуцентот на „Дедпул и Вулверин“ Шон Леви на премиерата на најновиот проект на Лајвли, „Уште една едноставна услуга“.

Актерот ја објави фотографијата на својот Инстаграм профил, со опис: „Ние тројцата. Толку едноставно“.

Иако некои обожаватели реагираа позитивно на фотографијата, други, побројни, го советуваа Џекмен да размисли повторно со кого се дружи.

„Хју Џекмен објави слика со Рајан Рејнолдс за да покаже колку го поддржува својот пријател. Ќе биде интересно да го видиме на судењето“, „Изгледате одлично заедно, но Рајан е проблем, можеби треба да се држите подалеку од него некое време?“, „Колку повеќе слушам за него и Блејк, толку повеќе сум сигурен дека треба да го прекинеш контактот со нив ако сакаш да си ја држиш главата над вода“, „Го сакам Хју, но можеби повеќе не треба да се дружи со овие луѓе“, беа само дел од коментарите.

Критиките не запреа тука, бидејќи еден особено разочаран обожавател на Џекмен изјави: „Многу е блиску до тоа да престанам да го следам Хју … Многу е разочарувачки што тој го толерира ваквото однесување“.

„Да му кажеш на некого да ги остави своите пријатели, кога дури ни не познаваш никого во ситуацијата за која зборуваш … Тоа е прилично збркано“, го бранеше актерот еден од членовите на социјалната платформа „Икс“.

Потсетуваме, Лајвли поднесе тужба против Балдони во декември минатата година, наведувајќи детални извештаи за вознемирување и намерни обиди за нејзино професионално понижување. Нејзиниот потег дојде неколку месеци откако таа дискретно започна правна постапка во септември, наводно со цел да добие пристап до компромитирачки пораки од публицистот на Балдони.

Адвокатскиот тим на Балдони поднесе контратужба во јануари, обвинувајќи ги и Лајвли и Рејнолдс за клевета. Меѓу документите имало наводни размени на текстуални пораки во кои Лајвли ги опишувала Рејнолдс и поп-ѕвездата Тејлор Свифт како нејзини „змејови“ – термин кој сега е под интензивна истрага.

Јавната поддршка за Лајвли е забележително слаба, дури и меѓу нејзините пријатели, а многумина се изненадени од тишината на нејзиниот најблизок круг.

И, како што се одвива судскиот случај и репутацијата на сите вклучени во нивниот живот е доведена во прашање, па така и јавната близина на Хју Џекмен со Рејнолдс стана голем проблем за неговите обожаватели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот