
ФОТО+ВИДЕО | „Епл“ ги претстави новите производи: Ајфон 17, ултра тенкиот Ајфон Ер, нови слушалки и часовници
Компанијата „Епл“ синоќа го одржа својот голем годишен настан на кој беше најавена цела палета новитети – од „најтенкиот и најлесниот Ајфон досега“, преку слушалки кои можат во живо да преведуваат, до часовници со напредни здравствени функции.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Извршниот директор Тим Кук изјави дека новиот Ајфон 17 претставува „најголемиот скок во историјата на Ајфоните“. Моделот доаѓа во пет бои, со поголем и потенок екран, заштитен со керамички штит отпорен на гребнатини.
Телефонот го придвижува А19 чип со „Епл интелиџенс“, има 48 МП двојна фузија камера и 256 гигабајти меморија, двојно повеќе од претходниот модел. Времето на репродукција на видео е продолжено за уште осум часа, а цената почнува од 799 долари.

Ајфон Ер, дебел само 5,6 мм, Е најлесниот телефон на „Епл“ досега. Се нуди со 6,5-инчен „про моушн“ екран, керамички штит напред и назад и Н1 чип со побрз Ц1Х модем. Работи исклучиво со еСИМ, има батерија за цел ден и цена од 999 долари.
Премиум изданијата добиваат алуминиумска рамка, парна комора за ладење и се достапни во сребрена, сина и портокалова боја. Цените започнуваат од 1.099 долари за Про и 1.199 долари за Про макс.
Третата генерација „Епл“ слушалки про воведува можност за превод во живо со помош на „Епл интелиџенс“. Новите слушалки добиваат повеќе големини на адаптери, следење срцев ритам и калории и траат осум часа со едно полнење. Цена: 249 долари, во продажба од 19 септември.

„Епл“ часовник 11 – нови функции за следење на срцето, слухот, менталното здравје и менструалниот циклус, како и можност за препознавање на висок крвен притисок. Цената почнува од 399 долари.
Иако компанијата избегна да прави големи ветувања околу вештачката интелигенција, „Епл интелиџенс“ е дискретно интегрирана во новите уреди, особено кај слушалките и здравствените функции на часовниците.
Технологијата, според аналитичарите, треба да донесе подобро корисничко искуство без корисниците воопшто да бидат свесни дека ја користат.
