Џеси Џеј - Фото: EPA-EFE/BOGLARKA BODNAR HUNGARY OUT

ФОТО+ВИДЕО| Емотивна исповед на Џеси Џеј: „Не можам да си ги допрам градите и лузните“

Пејачката Џеси Џej сподели емотивна објава на Инстаграм во која плачеше додека ги гледаше лузните кои ѝ останаа по операцијата на рак на дојка. Џеси моментално закрепнува од операцијата на која беше подложена во јуни, а во искрено интервју за списанието „Култур“ на „Сандеј тајмс“, таа зборуваше за емоциите кои ги доживеала гледајќи го своето тело по процедурата.

Иако нејзиниот рак беше откриен во рана фаза, лекарите препорачаа тотална мастектомија наместо лумпектомија поради големината на грутката, додека хемотерапијата и радиотерапијата беа избегнати.

„Синоќа мајка ми мѝ ги масираше градите затоа што не можам да ги допрам лузните. Почнав да плачам, Не можам да верувам дека ова се случи“.

И покрај тоа што ја очекува уште една операција, пејачката не се откажува од музиката. Нејзината нова песна „Believe In Magic“ ќе биде објавена на 29 август.

„Луѓето мислат дека, штом ќе добиеш зелено светло, сè е готово. Но, имам уште една операција (за да ја подобрам симетријата на имплантот со другата града) и морам да закрепнам, па морам да го решам остатокот од оваа година“, додаде таа.

Здравствените тешкотии не се ништо ново во животот на Џеси Џ. На осумгодишна возраст ѝ беше дијагностициран синдром на вентрикуларна преексцитација, што доведе до мозочен удар во раното детство. Во еден момент, лекарите дури и ѝ кажаа дека нема да може да има деца. Сепак, во 2021 година, таа забремени, но доживеа спонтан абортус. Две години подоцна, во 2023 година, таа го роди својот син Скај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот