Карла Софија Гаскон, Селена Гомез и Зои Салдана / Фото: Sebastian Gabsch / imago stock&people / Profimedia / Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Доделени европските „Оскари“: За најдобар филм прогласен „Емилија Перез“

Во швајцарскиот град Луцерн синоќа се одржа доделувањето на  37. Европски филмски награди, каде што мјузиклот на Жак Аудиар во крими трилер „Емилија Перез“ (Emilia Pérez) освои награди во четири категории: европски филм, европски режисер, европска актерка за Карла Софија Гаскон и европски сценарист.

Во филмот играат и Зои Салдана, Селена Гомез и Адријана Паз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


Интересно е што филмот „Емилија Перез“ ги освои истите награди како и минатогодишниот главен кандидат за Оскар, судската драма „Анатомија на падот“ (Anatomy of a Fall), на Џастин Триет, пишуваат медиумите.

Карла Софија Гаскон, исто така, влезе во историјата како првата транс актерка што ја освоила наградата за најдобра актерка.

Фото: Sebastian Gabsch / imago stock&people / Profimedia

Во филмот „Емилија Перез“ таа ги глуми двата пола: шеф на мексикански нарко картел кој одлучува да го промени полот и да добие нов, женски идентитет.

Наградата за најдобра машка улога не ја доби ниту еден од неколкуте многу етаблирани актери кои беа номинирани (Даниел Крег, Ларс Ајдингер, Ралф Фајнс).

Наградата ја освои афро-францускиот актер Абу Сангаре за францускиот филм „Приказната на Сулејман“ на Борис Лојкин. Во филмот Сангаре глуми азилант кој прави сè за да избегне депортација.

Филмот „Човекот кој не можеше да молчи“ (Čovjek koji nije mogao šutjeti) на хрватскиот автор Небојша Слијепчевиќ ја доби наградата на ЕФА за најдобар краток европски филм по избор на гласачите на Европската филмска академија.

„Човекот кој не можеше да молчи“ претходно ја освои и наградата за најдобар краток филм на фестивалот во Кан, така штп ги спои двете најпрестижни награди што можат да се добијат во европскиот филм.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот