Фото: Инстаграм/Марк Закерберг

ФОТО+ВИДЕО | „Бизарно“: Марк Закерберг постави огромна скулптура на неговата сопруга во дворот

Создавачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, ѝ направи огромна статуа на сопругата Присила Чан и ја постави во нивниот двор.

„Ја враќам римската традиција на правење скулптури на сопруги“, напиша тој во описот на фотографијата од неговата сопруга, која пие кафе покрај скулптурата што ја прикажува како ангел.

Скулптурата е дело на американскот современ уметник Даниел Аршам, кој живее и работи во Њујорк.

Фото: Инстаграм/Марк Закерберг

Романтичниот потег на Закерберг не остана незабележан на социјалните мрежи.

„Човеку, само што ги подигна критериумите за сите нас. Па, сите не можеме да си дозволиме статуи за да си ги импресионираме сопругите. Браво!“, „Види го ти Марк, стар лисец“, „Каков романтичар, секоја чест“, „Твојата жена е исклучително среќна жена“, му искоментираа дел од корисниците на Инстаграм.

Но, постојат и такви кои сметаат дека скултурата изгледа „бизарно“ и „морничаво“.

Марк Закерберг почнал да одгледува стока: Говедата ќе пијат домашно пиво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот