Фото: Screenshoot

ФОТО+ВИДЕО | Бекам скокаше ограда за да избега од фановите на дебито на неговиот син

Легендарниот Дејвид Бекам се соочил со малку непријатна ситуација на дебито на неговиот син Ромео за вториот тим на Брентфорд.

Ромео Бекам пред неколку дена потпиша договор со англискиот премиерлигаш Брентфорд каде што ќе игра за вториот тим на овој тим. Вчера Ромео го имаше дебито во дресот на англискиот клуб, а овој момент не сакаше да го пропушти и неговиот славен татко.

Бекам се обиде да се „маскира“ за да не биде препознаен од фанвоите, сепак тоа не беше можно, па во еден момент беше забележан.

Кога го забележаа навивачите сакаа да дојдат до него и да направат фотографија, а посебно интересен беше момент кога Бекам мораше преку огради и грмушки да бега од фановите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!