Адам Сендлер во невообичаена комбинација на годинашните Оскари / Фото: AMPAS / Zuma Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Адам Сендер се појави во тренерки на Оскарите: Се „навреди“ и среде настан го напушти театарот!

Актерот Адам Сендлер приреди незаборавно изненадување на 97. доделување на Оскарите, привлекувајќи внимание со своето лежерно издание и забавувајќи ја публиката за време на монологот на Конан О’Брајан.

Додека холивудските ѕвезди пристигнаа на најважната холивудска вечер облечени во најелегантни комбинации, Адам Сендлер се појави во сосема опуштено издание – во хавајска кошула, црно-сини кошаркарски шорцеви и светлосин дуксер со логото на брендот „Авијатор нејшн“ од Лос Анџелес, задржувајќи го својот препознатлив хумор.

Водителот на вечерта, Конан О’Брајан, се пошегува на сметка на необичниот изглед на Сендлер.

„Адаме, што е тоа што го носиш?“ го праша и додаде дека изгледа „како тип што игра видеопокер во два по полноќ“.

Фото: KEVIN WINTER / Getty images / Profimedia

Сандлер му возврати: „Никој дури и не размислуваше за тоа што носам додека ти не го спомена!“.

„Конане, знаеш што? Ми се допаѓа како изгледам затоа што сум пристојна личност. Не ми е важно што носам или не носам. Навистина ли почувствува потреба да ме исмееш пред колегите само затоа што облеков слатки шорцеви за теретана и мек дуксер?“, му одговори тој.

Сандлер потоа стана и објави дека го напушта настанот, поканувајќи ги сите присутни да му се придружат таа вечер во „Ветеран парк“ на кошаркарски натпревар. Потоа драматично го напушти театарот „Долби“. Пред да замине, дојде до актерот Тимоти Шаламе, кој беше номиниран за својата улога во филмот „Целосно непознат“ („A Complete Unknown“) и му ја бакна главата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот