Фото: Принтскрин/Tasteatlas

ФОТОГАЛЕРИЈА | Зошто македонските специјалитети ги нема меѓу 100-те највкусни јадења во светот? Сараевскиот ќебап и српската плескавица си го најдоа местото

Најпопуларната веб-страница посветена на светската кујна „Taste Atlas“ објави листа на 100 најдобри традиционални јадења, ресторани и кујни за 2021 година.

Секој што ја пробал нашата кујна ја фали на голам уста и повторно сака да ја вкуси, а македонските традиционални јадења се познати низ целиот свет и некои од нив важат за уникатни специјалитети.

Некои земји од Балканот и пошироко се најдоа на таа листа, но ние не заземавме ниту едно место.

И додека некои наши соседи со своите традиционални јадења се појавија на листата, нашите специјалитети изостанаа од списокот на највусни јадења во светот.

Мексиканската Cochinita pibil е прогласена за најдобро традиционално јадење со просечна оценка од 4,69. На второ место е бразилската Picanha (4,67), на третото место полскиот Pierogi Ruskie (4,66). Тајландскиот Massaman Curry е на четвртото место, додека италијанскиот Trofie al pesto е на петтото место.

Фото: Tasteatlas
Фото: Teastatlas

За најдобар месен производ во светот е прогласен
Jamon Iberico de Belota, а за најдобар колбас португалскиот Alheira. Италијанската Stracciatella е оценета како најдобро сирење во светот, а романската Fataesca Negra за најдобрата винска сорта во светот.

Хрватска освои пет места, а Босна и Херцеговина едно место, поточно високото десетто место со сараевските ќебапи. Србија се најде на 52-то место на листата со плескавиците.

Фото: Teastatlas

Листата од 100 највкусни јадења во светот можете да ја погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот