Протест на вработените во „Паркови и зеленило“ / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

ГАЛЕРИЈА | Вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ и утрово го блокираа сообраќајот во Скопје

Вработените во „Паркови и зеленило“ заедоно со колегите од „Флораком“ и „Луна“ и утрово излегоа на протест и блокираа неколку улици, бидејќи, како што велат, сè уште не зеле плата за август.

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“ / Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат
Протест на вработените во „Паркови и зеленило“ / Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

Тие го блокираа сообраќајот од семафорите на крстосницата на булевар „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“, а протестот заврши пред дирекцијата на ЈП „Паркови и зеленило“.

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“ / Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски вчера изјави дека по завршување на протестот добиле информација дека е исплатена платата на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, но плата сè уште немаат вработените во „Флораком“ и „Луна“.

„Поради тоа утре повторно ќе има протест на ДООЕЛ „Флораком“ и „Луна“, на булевар „Илинден“, кај Матично“ изјави вчера Кашиковски.

Кашиковски информира дека како синдикат заедно со стручниот тим во ЈП „Паркови и зеленило“ иницирале да се изнајде нов модел за финансирање на претпријатието, по искуствата од соседните земји.

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“ / Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

-Факт е дека со овој начин на финансирање на ЈП „Паркови и зеленило“ не можат да се исплатат плати, додатоци на плати, за основно функционирање на претпријатието. Тоа планираме да го изработиме како документ во наредните две недели. Со оглед на тоа дека има локални избори на 19 октомври, планираме нашите предлози на 15 или 16 октомври да ги изнесеме во јавност и да побараме од идниот градоначалник, без разлика кој ќе биде, да го земе тоа предвид како начин за финансирање на ова претпријатие и на фирмите „Флораком“ и „Луна“ – додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот