Нотр Дам, Париз / Фото: EPA

ФОТОГАЛЕРИЈА | Пет години по пожарот: Свечено отворена катедралата Нотр Дам, за нејзиното реновирање потрошени 846 милиони евра

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска со сопругата Брижит ја посети катедралатa Нотр Дам во Париз, една недела пред нејзиното официјално отворање, чиешто реновирање беше завршено пет и пол години по пожарот.

На обиколката на катедралата присуствуваа и министерката за култура Рашида Дати и градоначалничката на Париз, Ан Идалго, додека јавноста делумно можеше да ја види внатрешноста на катедралата за првпат по завршувањето на работите, благодарение на преносот во живот на медиумите кои ја следеа посетата на претседателот.

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL

„Истовремено е поправена, редизајнирана и обновена. Возвишено е“, рекол Макрон при влегувањето во катедралата.

Снимките емитувани во живо за време на посетата на Макрон на Нотр Дам ја прикажуваат внатрешноста на иконата катедрала како што верниците можеби ја доживеале во средниот век – нејзините широки, отворени простори исполнети со силна светлина што ги осветлува живописните бои на витражните прозорци, пренесува „АП“.

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL

По пет години реконструкција, јавната институција за реконструкција на Нотр Дам во Париз проценува дека на реставрацијата на катедралата работеле речиси 2.000 луѓе, како и дека во проектот учествувале речиси 250 компании, која чинела вкупно 846 милиони евра, од кои значаен дел се донации.

Посетата на Макрон започнува низа настани кои водат до повторно отворање на ова готичко ремек-дело од 12 век за јавноста. Францускиот претседател повторно ќе дојде во Нотр Дам на 7 декември, кога ќе одржи говор, а следниот ден за време на свечената миса ќе присуствува на осветувањето на новиот олтар.

Фото: EPA-EFE/STEPHANE DE SAKUTIN / POOL MAXPPP OUT

Администрацијата на Макрон ја поздрави реконструкцијата на Нотр Дам како симбол на националното единство и француската моќ.

Пожарот во катедралата Нотр Дам избувна на 15 април 2019 година околу 18:50 часот под покривот на зградата, а 15 часа подоцна беше изгаснат. Во пожарот изгореле покривот и кулата, а беше и тешко оштетена внатрешноста на катедралата, горните ѕидови и прозорците.

Фото: EPA-EFE/STEPHANE DE SAKUTIN / POOL MAXPPP OUT
Фото: EPA-EFE/STEPHANE DE SAKUTIN / POOL MAXPPP OUT
Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL
Фото: EPA-EFE/STEPHANE DE SAKUTIN / POOL MAXPPP OUT
Фото: EPA-EFE/STEPHANE DE SAKUTIN / POOL MAXPPP OUT / EDITORIAL USE ONLY
Фото: EPA-EFE/STEPHANE DE SAKUTIN / POOL MAXPPP OUT
Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена за јавноста на 8 декември 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот