фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

ФОТОГАЛЕРИЈА | Македонија со победа над Полска ги заврши квалификациите за Евробаскет 2025

Денеска најдобрата македонска кошаркарска репрезентација во својот последен натпревар од квалификациите за пласман на следното Европско првенство кое ќе се одржи оваа година триумфираше над Полска со 88:74 (26:16, 19:20, 22:16, 21:19).

Овој меч немаше никакво резултатско значење бидејќи нашите најдобри кошаркари ги загубија шансите за учество на Евробаскет 2025 после поразот од Естонија во минатото коло.

Пред трибините во СРЦ „Кале“ – Скопје избраниците на селекторот Александар Јончевски започнаа доста сигурно добивајќи ја првата четвртина со 26:16, иако Полјаците имаа подобар старт со водство од 4:0, па 6:3.

фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Дамјан Стојановски ја заврши репрезентативната кариера

Потоа ние ја презедовме контролата на паркетот, дојдовме за прв пат во позитива од 8:6, па успеавме истата да ја зголемиме на 13:10.

За прв пат нешто подоцна играчите на Јончевски дојдоа и до „плус пет“, а потоа за уште поголема радост за 23:16.

фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Иако втората четвртина ја добија гостите минимално со 20:19, во вторите 10 минути имавме одлични периоди во кои стекнавме и двоцифрени 29:19, подоцна и 33:23.

Полските кошаркари не дозволуваа нивната негатива да расте, па двапати се доближуваа на „минус пет“ (34:29, 36:31). На паузата нашата селекција водеше со 45:39.

фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Третата четвртина донесе уште поголема неизвесност, иако повторно доминиравме на паркетот добивајќи ги новите 10 минути со 22:16.

Полската селекција одигра уште подобро и за наши грижи имавме само еден „плус“ позитива на семафорот (48:47). Иако за момент се вративме на плус пет коша предност (52:47), дозволивме противникот да израмни со своја серија на поени за 53:53.

фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Но, од тој момент пред стартот на последната четвртина направивме одлична серија од 12:2 за 67:55.

Не се предаваа Полјаците бидејќи сега тие беа на ред со своја низа поени да се доближат на 69:66.

Македонските репрезентативци кога беше најпотребно ги консолидираа редовите, дојдоа до 73:66, а подоцна и повторно за двоцифрена разлика од 81:71 и тука веќе се најавуваше нашата победа.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Шортс со 21 поен, пред Маслинко кој забележа 20 поени, Зекири 14, а Димитријевиќ 11. На спротивната страна Михалак и Плута имаа по 13 поени.

фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот