Фото: Инстаграм/Жељко Бебек

ФОТО | Жељко Бебек го прослави 79. роденден во Лондон: Легендарниот пејач го помина овој посебен ден со семејството!

Легендата на југословенската рок-музика, Жељко Бебек вчера го прослави својот 79. роденден во друштво на најблиските – сопругата Ружица, ќерката Катарина и синот Ѕвонимир. Во моментот, семејството Бебек се наоѓа на патување во Лондон, каде што одлучија да го одбележат овој посебен ден.

Бебек, чие име е нераскинливо поврзано со култната група „Бијело дугме“, продолжува да биде инспирација за многу генерации со својот уникатен глас и харизма. Иако во позрела возраст, тој е активен во музиката, со редовни настапи и нови проекти.

Со ова семејно патување, музичарот покажа дека животот и музиката најдобро се слават во друштво на оние кои ни се најважни.

„Драги пријатели, денес, на мојот 79. роденден, сакам да ви се заблагодарам на сите од срце за прекрасните честитки, пораки и љубов што ми ги испраќате. Моментално сум во Лондон, опкружен со моето семејство, а нема подобар начин да го поминам овој посебен ден – со моите најблиски кои ми го разубавуваат секој момент. Со нетрпение очекувам нови средби, концерти и моменти што ќе ги создадеме заедно“, напиша пејачот на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Жељко Бебек

Жељко и Ружица стапија во брак во 2002 година, во прекрасниот Дубровник, а ќерката Катарина и синот Звонимир се плодови на нивната голема љубов. Тие се запознале сосема случајно на еден од концертите на Бебек, кога таа му побарала автограм.

Ова му е трет брак на музичарот, а од првиот и од вториот брак има уште две ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот