
ФОТО | Згодниот актер од „Емили во Париз“ е во врска со Шејлин Вудли: Вљубената двојка се прошета низ најромантичниот град!
Три години по раскинувањето на свршувачката со Арон Роџерс, актерката Шејлин Вудли е во нова романтична врска. Имено, таа неодамна беше забележана во прегратките на актерот Лукас Браво, кој доживеа светска слава со улогата во серијата „Емили во Париз“ („Emily in Paris“).
Препорачано
Браво се појави во непрепознатливо издание, со долга брада и капа, нешто што е сосема поинаку од начинот на којшто изгледа во познатата серија. Сепак, многумина го препознаа по неговата широка и убава насмевка. Засега не е познато колку долго се заедно, но очигледно е дека Вудли и Браво уживаат во секој заеднички момент. Биле видени како се смешкаат, се гледаат со љубов и се држат за раце додека шетале низ Париз.
Surprise New Couple Shailene Woodley and Emily in Paris Actor Lucas Bravo Show Off PDA in Paris https://t.co/8gLU14wjsP
— People (@people) March 24, 2025
Инаку, малку се знае за минатите љубовни врски на Браво. Се знае само дека тој неодамна стана сингл, откако стави крај на тригодишната врска со непозната актерка.
„Има голем притисок постојано да бидеш најдобрата верзија од себе. Секој твој гест е премногу толкуван. За да останеш здрав во оваа индустрија, треба да се исклучиш, што воопшто не е лесно ако си во врска со некој од истата индустрија“, рече актерот еднаш, додавајќи дека нема „тип на девојка“.

„Знаете, луѓето често зборуваат за убавина, но јас немам тип на девојка или нешто слично. Ми се допаѓа кога ќе се поврзам со некого веднаш. Понекогаш налетуваш на некого, ја гледаш во очи и веднаш, во секунда, ја чувствуваш таа врска. И тоа е најдоброто нешто за мене. Кога практично комуницираш со твоите очи и се чувствуваш како да ја познаваш таа личност со години“.
Што се однесува до Вудли, се шпекулираше дека таа претходно била во врска со нејзината колешка, мексиканската актерка Роберта Колиндрез. Пред две години таа беше во врска со Арон Роџерс, со кого се сврши, но тие никогаш не стапија во брак.
„Не зборував многу за врската со Арон бидејќи тоа секогаш ме расплакуваше. Тоа не беше вистинската работа, но беше убаво додека траеше“, изјави таа претходно.