Фото: Принтскрин/Инстаграм/Wikimedia Commons

ФОТО | Зејн Малик со трогателна фотографија се прости од Лијам: Изгубив брат, сѐ би дал да те прегрнам за последен пат

По трагичната смрт на Лиам Пејн (31), на 16 октомври, неговите поранешни колеги од „Уан дајрекшн“, Хари Стајлс, Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Зејн Малик му оддадоа заедничка трогателна почит на пејачот. А, потоа, секој од нив на свој начин се прости од саканиот колега на Инстаграм.

Зејн Малик со срцепарателна објава и фотографија се прости од Лијам. Зејн сподели нивна стара фотографија на која спијат.

„Лијам, се фатив себеси како зборувам гласно со тебе, надевајќи се дека ќе можеш да ме слушнеш. Не можам, а да не мислам дека имаше уште толку разговори што требаше да ги водиме во нашите животи. Никогаш не успеав да ти се заблагодарам што ме поддржуваш низ некои од најтешките моменти во мојот живот. Кога ми недостасуваше домот како 17-годишно дете, ти секогаш беше тука со позитивен поглед и охрабрувачка насмевка и ми даваше до знаење дека си мој пријател и тоа многу го сакав“, напиша Зејн.

„Иако беше помлад од мене, секогаш беше поразумен од мене, беше одлучен, полн со мислења и не ти беше грижа што ќе им кажеш на луѓето кога не се во право. Иако поради тоа неколкупати имавме несогласувања, јас секогаш тајно те почитував поради тоа“, продолжил Зејн.

Зејн и Лијам млади / Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Кога станува збор за музиката, Лијам, ти беше најквалификуван во секој поглед. Во споредба со тебе, не знаев ништо, јас бев почетник, а ти веќе беше професионалец. Секогаш знаев дека што и да се случи на сцената, можеме да се потпреме на тебе. Кога си замина, изгубив брат.

Не можам да ти опишам што би дал за да можам уште еднаш да те прегрнам и да се збогувам со тебе, да ти кажам дека многу те сакав и почитував. Секогаш ќе ги чувам нашите спомени. Не постојат зборови кои би објасниле како се чувствувам во моментов, освен уништено. Каде и да си сега, се надевам дека си добро и да знаеш колку си сакан. Те сакам, брат“, заклучил Зејн.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Потсетуваме, 31-годишниот пејач падна од третиот кат во дворот на хотелот „КасаСур“ во главниот град на Аргентина. Како последица на повеќе повреди, Лијам починал на лице место.

Фото: Wikimedia Commons

ФОТО | Се огласи семејството на Лијам Пејн: „Срцата ни се скршени, ве молиме за приватност“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот