
ФОТО | За или против? „Гори“ интернет поради фустанот на бремената актерка на доделувањето на наградите Еми
Модното издание на манекенката и актерка Суки Вотерхаус на синоќешното 75-то доделување на наградите Еми во Лос Анџелес предизвика различни коментари на социјалните мрежи, додека идната мајка е на врвот на листите за најдобро облечени дами. Познатата трудница го усвои таканаречениот „стил на Ријана“, кој пејачката од Барбадос го започна уште кога беше во првата бременост, истакнувајќи го трудничкиот стомак во преден план.
Препорачано

Суки Вотерхаус се појави во црвен фустан со потпис на „Валентино“ со широко здолниште, гол грб, односно само парче ткаенина напред во облик на престилка и огромна панделка на стомакот. Нејзиното издание од театарот „Пикок“ во Лос Анџелес беше едно од најкоментираните на наградите Еми.

Актерката, која го очекува своето прво дете со колегата Роберт Патинсон, ги сведе модните детали на минимум и дозволи „нејзината облека да раскаже сè“. Сепак, таа не го заборавила прекрасниот сребрен прстен кој ги поттикна гласините за свршувачка пред неколку недели.

Суки, која оваа пролет ќе стане мајка, е во врска со Патинсон од 2018 година, а минатиот ноември откри дека е бремена.
Коментарите за синоќешниот фустан на бремената Суку се поделини, а вака го коментираа нејзиниот стајлинг на Инстаграм: „Изгледа прекрасно, но стилистот ја изневерил“, „Кутрата Суки, кој ти го направи ова?“, „Убава е во одличен фустан на Валентино“, „Бојата е убава, но грониот дел од фустанот е незгоден“, „Прекрасна е во црвениот фустан, оваа боја толку добро ѝ стои со најслаткиот стомак“, „10/10, совршенство“.
Објавени номинациите за наградите „Еми“: Листата ја предводи серијата „Succession“
Објавени номинациите за наградите „Еми“: Листата ја предводи серијата „Succession“