Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ФОТО | Водителката на „Монтесонг“ даде отказ по дебаклот: „Тоа е моја морална обврска“

Во Црна Гора неодамна се одржа натпреварот за претставник на Евровизија 2025, а водители на програмата беа Владана Вучиниќ и Марко Тодоровиќ.

Изборот предизвика голема бура во јавноста, а многумина коментираа дека се одржува непрофесионално, додека водителката имаше низа лапсуси за кои со денови се зборуваше и во медиумите и на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Владана сега откри дека ден по овој дебакл дала отказ од работата во телевизијата РТЦГ, каде што работела.

„Ја користам оваа прилика да ве информирам дека го најавив мојот отказ од РТЦГ ден по завршувањето на Монтесонг, бидејќи чувствував морална обврска“, напиша таа на Инстаграм, а потоа коментираше за бендот „НеоноеН“, кој се повлече од натпреварот.

„Лично им симнувам капа на момците од ‘НеоноеН’, мислам дека е фер потег и искрено ми е жал што тие со порака што е актуелна нема да ја претставуваат Црна Гора. Кој и да е, со среќа – навистина не мора да се прави драма за сѐ“, напиша Владана.

Да потсетиме, водителката имаше голем број грешки во водењето на програмата, а гледачите забележаа само некои како „Десет точки одат на…“, изјави во еден момент Владана, притоа изговарајќи го и името на победникот на конкурсот погрешно – наместо „НеоноеН“, таа кажа „Неонео“.

@aleksandar.malisic✨zahvatam na paznji✨

♬ original sound – Aco

Повеќето корисници на TикТок, остро ја осудија дека е непрофесионална.

Инаку, Владана е текстописец и пејачка и беше последниот претставник на Црна Гора на Евровизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот