Новак и Јелена Ѓоковиќ / Фото: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Во вилата на Новак и Јелена Ѓоковиќ и кокошарникот е луксузен како хотел со 5 ѕвезди

Јелена и Новак Ѓоковиќ можат да се пофалат дека поседуваат голем број имоти. Меѓутоа, еден од нив привлече посебно внимание на јавноста токму поради тоа што претходно беше во сопственост на една од најбогатите и најмоќните Србинки, Елена Караман Кариќ.

Се работи за нивната нова вила на Космај, а за ова луксузно издание наводно платиле неверојатни 3 милиони евра.

Фото: Инстаграм/ elenakaraman.essence

Прекрасната вила на Космај Елена Караман ја „изградила“ додека била во брак со Југослав Кариќ.

Токму тука живеела со нивниот син Симон, како и со наследниците кои ги добила од првиот брак – Матија и Лука. Овој имот, освен убавината што го одзема здивот, на многумина им беше особено интересен и поради луксузниот кокошарник што Елена го изгради таму, а кој имаше дури и кристален лустер.

Фото: Инстаграм/ elenakaraman.essence

Се подразбира дека луѓето се шокирале кога виделе како изгледа сето тоа, а судејќи според реакциите, на многумина им се допаднало што кокошките имале посебен третман.

Сега лукс кокошарникот е во сопственост на Јелена Ѓоковиќ , а иако не се знае дали сѐ останало како што некогаш било „наместено“ од Елена, познато е дека имотот го реновирале речиси една година, за да му се допадне на Ѓоковиќ.

Оваа семејна куќа на Ѓоковиќ има повеќе од 400 квадратни метри и е изградена со материјали во кои доминирале каменот и дрвото. Поранешниот сопственик еднаш сподели неколку фотографии кои откриваат како изгледа овој објект одвнатре.

Фото: Инстаграм/ elenakaraman.essence

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот