Лејди Елиза Спенсер - Фото: Инстаграм

ФОТО | На еден од најубавите острови на светот: Внуката на принцезата Дијана го изговори судбоносното „Да“ на Санторини

Една од внуките на принцезата Дијана, Лејди Елиза Спенсер, се вери во романтичната атмосфера на автентичниот Санторини, еден од најубавите острови во светот. Овој кикладски грчки остров во Егејското Море е една од најпосетуваните дестинации со децении, а заедно со блискиот Миконос се едни од најпосетените места од страна на светскиот џет-сет.

Уживањето во незаборавните зајдисонца од Фира или Оја и погледот на вулканската Калдера, инспирира многу парови да го изберат токму ова место за да го кажат своето судбоносно „Да“. Свадбите или запросувањата се секојдневна појава овде.

Ова е островот на кој бизнисменот Ченинг Милард, долгогодишниот партнер на Лејди Елиза Спенсер, убавата внука на покојната принцеза Дијана, го избра да клекне на едно колено и да ја побара раката на својата сакана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eliza Spencer (@elizavspencer)

Елиза го сподели овој романтичен момент со своите следбеници на социјалните мрежи, изполнет со свеќи, цвеќиња и зајдисонце на хоризонтот.

Триесет и двегодишната Елиза е една од трите ќерки на Лорд Чарлс Спенсер, помладиот брат на принцезата Дајана. Елиза, нејзината близначка Амелија и постарата сестра Кити наследиле голем дел од шармот и убавината на нивната тетка и секогаш се во центарот на вниманието каде и да се појават.

Кити се омажи за милијардерот Мајкл Луис во 2021 година во Вилата Алдобрандини во Рим, а Амелија во 2023 година во ексклузивната винарија во Кејптаун, па сите со нетрпение ја очекуваат последната венчавка на Елиза.

Венчавките на сестрите беа вистински медиумски спектакл со многу гламур и егзотични дестинации.

Ченинг избра една од најатрактивните за своето запросување, а прстенот на раката на идната невеста е репрезентативен дијамант.

Тие сè уште не открија каде и кога ќе се одржи венчавката. Елиза неодамна во едно интервју изјави дека размислуваат за егзотична дестинација покрај океанот. Таа за својот избраник рече дека имаат многу слични интереси и дека се сложуваат одлично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот