
ФОТО | Внуката на Грејс Кели ужива во Дубровник: Џезмин Грејс Грималди сподели моменти од Јадранот
Џезмин Грејс Грималди, внуката на славната холивудска актерка и принцеза Грејс Кели, овие денови ужива во Дубровник. Повод за нејзиниот престој во бисерот на јадранското крајбрежје е свадбата на нејзината пријателка и колешка, актерката Вероника Даш.
Препорачано
На својот инстаграм-профил, Грималди сподели фотографии и видеа од ова патување – романтични прошетки низ калдрмисаните улички на стариот град и моменти на мир на тераса со поглед кон морето.


Да потсетиме, Грималди е родена во 1992 година како вонбрачна ќерка на принцот Алберт Втори од Монако и Американката Тамара Ротоло. Љубовната врска на нејзините родители започнала во 1991 година на француската ривиера, а нејзиниот прв чекор во Монако го направила на 11-годишна возраст. Принцот Алберт ја призна за своја ќерка кога имала 14 години, со објаснување дека сакал да ја заштити од јавниот интерес.
Иако не е во линијата на наследство на монегашкиот трон, Грималди израснала во САД, каде што се посветила на актерството и хуманитарната работа.
Принцот Алберт Втори има четири деца – две од брак и две вонбрачни, меѓу кои е и Грималди.