Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Викторија му честиташе на Сер Дејвид Бекам за добиенaта титула: „Отсекогаш си бил мој витез“

Англискиот фудбалер Дејвид Бекам е прогласен за витез, со што стана Сер Дејвид Бекам, по честа што му ја додели кралот Чарлс, а неговата сопруга Викторија му испрати посебни честитки по повод ова назначување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

На својот Инстаграм профил, Викторија му посвети емотивна објава на Дејвид заедно со нивна заедничка фотографија.

„Отсекогаш си бил мој витез во сјаен оклоп, а сега и официјално. Каква чест, не би можела да бидам погорда на тебе. Твојата посветеност на работите што се најважни – твојата земја, твојата работа, твојата страст и твоето семејство – никогаш не се поколебала. Начинот на кој допре до толку многу животи низ годините со твојата љубезност и понизност зборува многу за тоа каква личност си и продолжува да нè инспирира секој ден. Пред сè, многу сум горда што те нарекувам моја. Те сакам толку многу“, напиша Викторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Во коментарите под објавата, имаше низа честитки до Бекам.

Бекам беше прогласен за витез на церемонија по повод роденденот на британскиот крал. Во 2003 година, кралицата Елизабета му ја додели на Бекам титулата OBE (Офицери на Редот на Британската империја), а во 2011 година беше номиниран за витез, но мораше да чека до сега за највисоката титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот