Фото: EPA-EFE/JULIO MUNOZ

ФОТО + ВИДЕО | Шок на доделувањето на наградите: Шпански актерки страсно се бакнале на сцената

Шпанската актерка со италијанско потекло Аитана Санчез-Хихон (56) ја доби почесната награда Гоја на најпрестижната церемонија на доделување на шпански национални филмски награди што се одржа во саботата во Гранада.

Наградата ѝ ја врачи нејзината пријателка, 54-годишната шпанска актерка Марибел Верду. Санчез-Хихон ѝ се заблагодари, а емотивните актерки се гушкаа и плачеа, а потоа страсно се бакнаа во уста.

„Искрено, никогаш не сум била толку возбудена за награда“, рече Верду, откривајќи дека таа и Санчез-Хихон се пријатели уште од детството.

“Се знаеме уште од мали девојчиња. Оттогаш го сонувавме истиот сон. Те сакам затоа што си толку талентирана. Те сакам затоа што си совршена придружничка, посветена и верна. Оваа почесна Гоја е во твои раце затоа што многу луѓе те сакаат и ти се восхитуваат”, ѝ рекла Верду.

Во својот говор, Санчез-Хихон потоа им се заблагодари на своите деца кои ги има со сопругот Гиљермо Папин Лукаден, а особено се заблагодари на нејзината мајка, без чија поддршка, како што рече, ништо од тоа не би било возможно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот