
ФОТО + ВИДЕО | Пешачел 120 километри и го направил најголемиот ГПС цртеж на пенис
Велшанецот Тери Росоман (38), кој во рок од 24 часа како дел од хуманитарен настан реши да го направи најголемиот ГПС цртеж на пенис пеш, успешно го заврши тој предизвик. Тери пешачеше по патеката во форма на пеннис долга повеќе од 120 километри низ магла и темници, преминувајќи го планинскиот венец Брекон Биконс за да собере пари и да ја подигне свеста за здравствените проблеми на мажите како дел од Мовембер, пренесува „Би-би-си“.
Препорачано
View this post on Instagram
Росоман патувањето го започна во петокот во 17 часот. Тргна од железничката станица Абергавени и заврши на истото место во саботата околу 16:30 часот.
„Беше апсолутно ужасно… Навистина навистина тешко, ова е најтешкото нешто што сум го направил во мојот живот. Тешки 24 часа. Не спиев, трчав низ ноќта, беше црно, не можеше дури и да си го видам прстот пред носот, бидејќи многу густа магала ми го отежна патот. Имав запалени факели, но тие не помогнаа многу. Се изгубив повеќе од еднаш, а искачувањето и надморската височина убиваше. Иако беше навистина тешко, мило ми е што успеав на крајот“, изјави тој.
Росоман е директор на маркетинг компанија, а за обликот на пенис се одлучил за да го привлече вниманието на целната публика – мажите. Благодарение на неговиот потфат, тој досега собра повеќе од 3.500 фунти од целните вкупно 5.000 фунти.
„Благодарам на сите добри луѓе за поддршката, благодарам на сите што трчаа со мене и на оние кои донираа пари. Без нив немаше да собереме повеќе од 3.500 фунти“, рече тој. Росоман се надева дека неговиот потфат ќе ги инспирира мажите да се справат со сопствените проблеми.
Тој рече дека во моментов не е подготвен за уште еден сличен предизвик и дека наместо тоа има намера да ужива во божиќните празници со семејството.
„Собирам килограми до Божиќ. Нема предизвици и тренинзи. Телото ми се распаѓа и ќе ми требаат неколку недели да се опоравам“, вели Росоман.
Мовембер е добротворна организација која ја подига свеста за потребата од заштита на здравјето на мажите во текот на месец ноември. Фокусот е на здравствените проблеми кои ги погодуваат мажите, како што се ракот на простатата и тестисите, но исто така често се занемаруваат тешкотиите поврзани со нивното ментално здравје и превенцијата од самоубиства. Оваа година движењето слави 21-годишнина.