„Најпосесивната жена на светот“ Деби Вуд - Фото: Принтскрин/ Фејсбук

ФОТО+ВИДЕО | Ова е најпосесивната жена на светот: Го принудува сопругот да прави полиграф секој ден

Случајот со Деби Вуд, која британските медиуми ја нарекуваат „најпосесивната жена во Велика Британија“, повторно стана вирален и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Деби Вуд, родена во Лестер, првпат се појави во јавноста во 2013 година кога таа и нејзиниот сопруг се појавија во британското телевизиско шоу „This Morning“ на ITV.

Потоа таа отворено проговори за необичните и екстремни мерки што ги презема за да го „заштити“ својот сопруг од други жени.

Деби Вуд добива околу 1.500 долари месечно од владата за „намалена подвижност“, како што вели самата – предизвикана од срам и страв од исмејување. Таа вели дека тоа ја спречува да вежба или да излегува од дома. Интересно е што дел од тие пари ги троши за купување конзоли и видео игри – не за себе, туку за да му обезбеди на својот сопруг забава дома, за да не се сретнува со други жени.

„Деби обожава да играме заедно Гран Туризмо и Кол оф Дјути “, рече нејзиниот сопруг Стив, кој признава дека игра повеќе од половина ден затоа што неговата сопруга љубоморно го држи под контрола.

Нејзината љубомора не запира тука. Стив мора да прави тест на детектор за лаги секој пат кога ќе излезе од дома за да докаже дека не погледнал ниту помислил на друга жена.

Деби редовно ги проверува телефонот, е-поштата, па дури и банкарските извештаи. Покрај тоа, постојат ограничувања за гледање одредени ТВ програми, особено оние во кои се појавуваат жени.

„Една вечер, се појави реклама за фризерки и се испаничив, мислејќи дека Стив гледа во манекенката. Се смирив дури кога му забранив да гледа какви било програми во кои се појавуваат жени“, рекла Деби во едно интервју.

Деби, исто така, откри дека планира да се подложи на козметичка операција, која ќе ја чини околу 3.000 долари, за да ослабе до 22 килограми. Таа верува дека физичката промена ќе ѝ помогне да се опушти и да го намали постојаниот страв дека сопругот може да ја изневери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот