Фото: Инстаграм/ miss.universo_buenos_aires

ФОТО + ВИДЕО | Новата Мис Буенос Аирес има 60 години

Алехандра Мариса Родригез има 60 години и е новата Мис Универзум на Буенос Аирес. Алехандра, по професија новинарка и адвокатка, ја освои титулата за најубава жена во Буенос Аирес, со што се квалификуваше за натпреварот Мис Универзум Аргентина.

Алехандра доби шанса да се натпреварува на изборот за Мис Универзум откако старосната граница, која беше во сила од 1958 година, беше укината на крајот на 2023 година, што значи дека натпреварот повеќе не е ограничен на учесници на возраст меѓу 18 и 28 години. Се бара само тие да бидат полнолетни, а Алехандра видела можност, се пријавила и победила многу помлади девојки.

Фото: Инстаграм/ miss.universo_buenos_aires

„Многу сум возбудена и почестена што ја освоив титулата. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е поврзана со годините и дека можеме да ги скршиме бариерите“, рекла таа.

Алехандра открила дека убавината ја одржува преку вежбање, здрава исхрана и нега на лицето. Инаку, таа е разведена и живее сама, а се пошегува дека и овој факт можеби придонел за нејзиниот успех на натпреварот.

Фото: Инстаграм/ miss.universo_buenos_aires

„Мислам дека судиите ја видоа мојата самодоверба и страст да ги претставувам жените од мојата генерација. Убавината нема рок на траење. За да бидеш убава, само треба да веруваш во себе и да бидеш автентична“, објасни таа.

Натпреварот за Мис Аргентина се одржува на 25 мај, а многумина се надеваат дека таа ќе ја освои титулата за најубава Аргентинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот