
ФОТО+ВИДЕО | Има 75 години, а танцот на шипка ѝ е страст: Тоа ми помогна за остеопорозата и артритисот
Стар Стауфер Вајс, 75-годишна баба која почнала да танцува на шипка истакнува дека сега го живее животот од соништата. Таа е вдовица од Колорадо, а како што вели, танцот на шипка секогаш ѝ бил на листата на желби, но тоа не го исполнила до почетокот на пандемијата.
Препорачано
„Да се живее сам со две мачки за време на пандемија е тешко и осамено искуство“, изјавила таа за „Сан“ (The Sun).

Таа нашла статија во нејзиниот локален весник за танчерка, Дајен Мартин, која го започнала своето патување со танцување на шипка кога имала речиси 50 години, а сега, на 64 години, таа е нејзин приватен инструктор.
– Кога ја прочитав таа статија, бев многу возбудена. Тоа го разбуди сеќавањето на мојот стар сон – танцот на шипка, кој со години беше на мојата листа на желби, но некако беше турнат во втор план. Отпрвин помислив: ” Можам ли да го направам ова?“ – изјавила таа.
Инаку, таа има проблем со ревматоиден артритис, како и со остеопороза.
Танцот на шипка не само што и помага физички во однос на трансформацијата, туку и ментално, со оглед на тоа што е излечена алкохоличарка веќе 36 години.
Но, и покрај сѐ, таа нема поддршка од луѓето, најмногу поради годините, а се случувало и луѓе од нејзината генерација да ѝ се смеат.
– Дел од моето семејство престана да контактира со мене. Никогаш немав деца, но имам две поќерки кои многу ми даваат поддршка. Таа што живее во Калифорнија дојде на двете мои емисии во Лос Анџелес, таа има две ќерки, мојата голема -Внуки, и им е супер што им прави Нана. Имав другарки кои исто така се дистанцираа поради истата причина. Пријателите ме поддржуваат 95 отсто, а јавноста 99 отсто“, истакна таа.

