ФОТО+ВИДЕО I Жесток судир во Париз: Полицијата со водени топови ги растури пропалестинските демонстрации

Париската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растури денешните пропалестински демонстрации, забранети од Министерството за внатрешни работи на Франција.

ФОТО: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Акцијата за поддршка на палестинскиот народ собра неколку десетици демонстранти во 18-от арондисман во Париз. Многу од демонстрантите носеа палестински знамиња и плакати со пароли на солидарност со палестинскиот народ.

Уште пред почетокот на демонстрациите, полицијата пристигна на местото на собирање демонстранти. Вкупно, според префектурата Париз, околу 4.200 полицајци и жандармерија го одржуваат редот во главниот град на Франција.

ВИДЕО l Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“, „Асошиејтед Прес“ и „Франс Прес“

Во четвртокот, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен донесе забрана за демонстрации поради растечките тензии на Блискиот исток. Дарманен потсети дека ваквите активности предизвикаа немири во 2014 година и ги повика регионалните префекти да бидат будни и внимателни.

Судирот меѓу Израел и Палестина се пренесе во БиХ: Сараево со поддршка за Палестинците, Бања Лука е со Израелците

Претходно, Француско-палестинската асоцијација за солидарност повика на демонстрации во Париз на 15 мај за поддршка на Палестинците. И покрај официјалната забрана од властите, организаторите не го откажаа маршот.

ФОТО: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот