
ФОТО + ВИДЕО | Французите огорчени поради кратката коса на новата Мис Франција: Ова е победа на различностите
Синоќа во Франција се одржа изборот за мис, а набргу по прогласувањето на победничката, на социјалните мрежи се разви жестока дебата.
Препорачано
Како најубава жена во Франција беше крунисана Ев Жил (20) од Норд-Па де Кале, која има кратка коса, а токму овој детаљ ѝ пречеше на француската публика. Тамошната јавност тврди дека жирито застанало на страната на т.н. “разбуди се” култура, односно дека намерно ја избрале различноста или „андрогениот изглед“ на Мис Жил за Мис Франција.
Новата Мис на Франција е првата жена во 103-годишната историја на изборот која нема долга коса, а Французите не се воодушевени поради тоа!

„Ова е првата победничка во 103-годишната историја на изборот за Мис на Франција, која нема долга коса и облини. Навикнати сме да гледаме убави девојки со долга коса, но јас избрав андроген изглед со кратка коса“, изјавила смелата Ев.
Таа ја опиша својата победа како „победа на различностите“, додавајќи дека секоја жена е различна и дека сите се уникатни. „Никој не треба да ви диктира кој сте“, коментира таа.
Во Франција победникот го избираат половина од гласовите на публиката и другата половина од жирито. Жил била трета во јавното гласање, но жирито ја донело на првото место. Овој потег на жирито наиде на неодобрување на социјалните мрежи, а францускиот Икс (поранешниот Твитер) е полн со коментари во сличен дух.
“Мис Франција очигледно станува натпревар за ‘будење’ со акцент на инклузивноста и повеќе не е избор за убавина”, “Не сме заинтересирани за нејзината пикси фризура, но андрогеното тело е таму за да се усогласи со културата на ‘будењето’“, „Одбивам да прифатам дека ова е најубавата жена во Франција“, „Оваа принудна инклузивност почнува да ме нервира“, се некои од коментарите.

Од друга страна, дел од јавноста го поддржа овој избор и беа воодушевени од младата, симпатична Ев, нарекувајќи ја „вистинско освежување“.
Пратеничката Сандрин Русо се огласи и ја бранеше госпоѓица Жил: „Значи, во Франција во 2023 година, напредокот кон почитувањето на жените го мериме со должината на нивната коса?“.