
ФОТО+ВИДЕО | Актерката Френ Дрешер која ја игарше „Дадилката“ доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд
Американската актерка Френ Дрешер, најпозната по улогата на дадилка со иритантен глас, вчера ја доби својата ѕвезда на Холивудската патека на славните, која сега има вкупно 2.822 ѕвезди.
Препорачано
На церемонијата, која се одржа на 67-миот роденден на актерката, еден од говорниците, заедно со Наташа Лион и Лиза Ан Волтерс, требаше да биде Рене Тејлор, која ја играше Силви Фајн, мајката на Френ, во серијата „Дадилката“.
Иако 92-годишната актерка не се појави, други актери од серијата дојдоа на церемонијата. Пред церемонијата, наградуваната актерка за „Пипл“ изјави дека е многу благодарна на сите што се појавиле, а особено ги спомена своите колеги, кои многу ги цени.
View this post on Instagram
Никол Том, која ја играше Меги, најстарата ќерка на шефот на Френ, а подоцна и сопруга, ја опиша познатата актерка како гласна, силна, самоуверена, шарена и љубезна.
„Секогаш беше искрена со мене. Ме менторираше низ моето детство – или поточно, низ моите години на формирање, од 14 до 21 година“, додаде таа. Како заклучок, таа ѝ честиташе на Дрешер, ѝ кажа дека ја сака и дека отсекогаш ѝ била пример.
Во својот говор, Медлин Зима, која ја играше најмладата ќерка Грејси во серијата, ѝ посака среќен роденден на „дадилката“ и на шега покажа колку многу ѝ значи: „Таа е гламурозна тетка, мајка која не трпи глупости, најдобра пријателка која ви кажува кога вашата облека има потреба од повеќе леопардски принт и соседка чиј смев можете да го чуете низ камениот ѕид“.
Таа исто така додаде дека Френ Дрешер, кога популарната серија излезе во 90-тите, ја преуреди телевизијата и им даде на жените од работничката класа, ново значење и ги направи ѕвезди. Таа го заврши својот говор со зборовите: „Денес ја славиме Френ за сè што ни даде – смеа, гламур, посветеност, срце и жив потсетник дека да се биде гласен, горд и верен на себе е најмоќното нешто што можете да бидете“.