Фото: Инстаграм/Вера Ванг

ФОТО | Вера Ванг изгледа неверојатно младолико на 75 години: Дизајнерката го прослави Божиќ во виолетова креација

Американската модна дизајнерка Вера Ванг отсекогаш ја воодушевувала светската јавност со својот младолик изглед и многумина сметаат дека изгледа барем три децении помладо од нејзината вистинска возраст – 75 години.

Ванг го прослави годинашниот Божиќ во домашна атмосфера, каде доминирале украси и елки во виолетова боја. Дизајнерката облекла и креација во истата боја, од високата мода на сопствениот моден бренд, а и нејзините ќерки биле облечени во складни фустани.

„Го славам мојот 75. Божиќ во Мајами. Едно од моите омилени места во светот“, напиша Ванг во описот на фотографиите кои ги објави на својот инстаграм-профил.

Ванг ги доби ќерките Сесилија и Џозефин за време на бракот со нејзиниот поранешен сопруг Артур Бекер.

Фото: Инстаграм/Вера Ванг
Фото: Инстаграм/Вера Ванг
Фото: Инстаграм/Вера Ванг
Фото: Инстаграм/Вера Ванг
Фото: Инстаграм/Вера Ванг

ФОТО | Вера Ванг објави празнични фотографиии со ќерките: Изгледате како три сестри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот