Миланка Рашиќ - Фото: Инстаграм

ФОТО | Уште една летна авантура: Миланка Рашиќ со својата внука Дина уживаше во убавините на Грција

Водителката Миланка Рашиќ оваа година го одбра медитеранскиот шарм за своето летно бегство од секојдневието. Заедно со својата внука Дина, таа уживаше во сончевите денови во Грција.

Ова не е нивно прво летување, тие речиси секоја година заедно сознаваат заеднички незаборавни моменти.

На инстаграм-профилот на водителката може да се видат фотографии од нивните прошетки по живописните улици, слатките моменти со десерти и долгите часови на плажа со коктели за освежување.

– Слатки моменти од одморот со Дина. Секое лето одмор, само ние две – напиша Миланка на објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milanka Rasic (@milankarasic)

За нив две, патувањата не се само одмор, туку и начин да се зближат уште повеќе, создавајќи спомени кои остануваат засекогаш.

По Грција, следна дестинација е Египет каде што, како што најави Миланка, подготвена е да посети нови места, да ужива и да ја продолжи својата одмор-авантура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milanka Rasic (@milankarasic)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот