
ФОТО | Удобна елеганција и спортски дух: Ниту дождот не ги спречи кралиците да го следат отворањето на Олимписките игри
Отворањето на Олимписките игри во Париз го следи целиот свет, а поединци имаат можност во живо да го бодрат тимот што ја претставува нивната земја. Меѓу нив се и членови од кралски семејства од неколку европски земји.
Препорачано
Шпанската кралица Летиција со нејзиниот сопруг, кралот Фелипе, холандската кралица Максима со сопругот Вил-Александар од Холандија, и данската кралица Мери Доналдсон со нејзиниот сопруг, кралот Фредерик од Данска, беа меѓу привилегираните кои гледаа сè во живо од најдобрите места.

Дождот не го попречи нивното присуство, само придонесе за спортскиот дух и добро расположение.
Los Reyes asisten a la ceremonia inaugural de los Juegos de la XXXIII Olimpiada. #Paris2024
➡️https://t.co/ZWZFnzYYUl pic.twitter.com/jaxB5lrn0q
— Casa de S.M. el Rey (@CasaReal) July 26, 2024
Кралицата Летиција пред дождот успеа да го покаже својот елегантен сиво-црн фустан со широки прерамки, кој одговараше на нејзината права фенирана коса и елегантни висечки обетки.
Дождот не ја спречи кралицата да аплаудира и да го бодри спортскиот тим на Шпанија со својот сопруг, што ќе биде дел од големата олимписка приказна во наредните денови.

Кралицата Максима избра едноставна модна комбинација за големиот спортски ден – црн костум и бела маичка, а детаљот кој овој стајлинг го надополни е незаменливиот портокалов шал. Познато е дека холандската репрезентација секогаш игра под оваа боја, а ја нарекуваат и „Портокаловата легија“. Оваа боја и симболично и стилски ја освежи кралицата, а подобро решение за нејзиниот изглед не можеше да има.

Данската кралица Мери блескаше во црвена блуза и бели панталони, комбинација од боите на знамето, а кафеав појас беше придружен со чанта во истата нијанса. Нејзиниот сопруг ги поддржа спортистите во темно одело. Истите бои инспирираа и една принцеза.

Принцезата Шарлин од Монако и нејзиниот сопруг принцот Алберт од Монако беа облечени во комбинација од овие две бои. Принцезата носеше бело од глава до пети, а нејзиниот сопруг ја следеше во светло црвено сако, во боите на знамето на Монако.
Макрон го навести настапот на Селин Дион на отворањето на Олимпијадата