
ФОТО: Учесничката на „America’s Got Talent“ која го помести жирито од место го напушта натпреварот поради борбата со рак
Пејачката Џејн Марцевски (30) со уметничко име „Nightbirde“, која ги трогна жирито и гледачите на шоуто „America’s Got Talent“ кога ја изведе својата оригинална песна „It’s OK“ во јуни оваа година и раскажа за нејзината борба со ракот, објави на нејзиниот инстаграм-профил дека се повлекува од конкуренцијата поради влошување на болеста.
Препорачано
View this post on Instagram
„Споделувањето на моето срце со светот беше чест и остварување на сонот. Какво чудо што болката низ која поминав се претвори во убавина што ги тера луѓето ширум светот да ги отворат очите широко“, започна таа. „По аудицијата, моето здравје се влоши и борбата против ракот ја бара сета моја енергија и внимание. Жал ми е што нема да можам да продолжам да бидам дел од оваа сезона „AGT“. Животот не секогаш е полезен за тие кои го заслужуваат тоа, но веќе го знаеме тоа“.
„Ви благодарам за поддршката, ми значи премногу. Останете со мене, наскоро ќе ми биде подобро. Ја планирам својата иднина, а не моето наследство. Депресивна сум, но сè уште имам соништа”, напиша таа.
View this post on Instagram
Се огласи и Хајди Клум која е судијка на „America’s Got Talent“ со објава на својот инстаграм-профил на која напиша „Ќе ни недостига твојата енергија, страст и твојот прекрасен глас на емисиите во живо. Целото семејство на #AGT те сака и навива за тебе.“