
Фото | Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ учат во подрум со влага и смрдеа, реагира Левица
Ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром следат во руинирани подрумски простории, полни со влага, смрдеа и недостиг на природна светлина, реагира Левица и објавува фотографии од просториите каде учат учениците од седмо одделение.
Препорачано


– Овие услови се недостоинствени дури ни за затворски ќелии, а камо ли за деца кои треба да учат и да растат во здраво и безбедно училишно опкружување. Загрижени родители алармираат дека на некои ученици им се слошило и повраќале поради неподносливата миризба на мувла и влага во импровизираниот подрум. Ваквото понижување на најмладите е срам за општината и директна одговорност на локалната власт, која наместо да обезбеди елементарни услови за настава, ги изложува децата на здравствен ризик и психолошка траума. Дополнителен скандал е фактот што ДПМНЕ пред четири години ветија целосна реконструкција на училиштата во општината, а во изминатиот мандат не направија ништо – реагира Левица.
Бараат итно обезбедување на нормални услови за овие ученици и нивно преместување во други училници, каде би ја следела наставата. Мора да се стави крај на оваа срамна состојба и сите деца во Општина Аеродром да добијат достоинствени услови за образование.