Фото: Фејсбук/Бети Давитковска

ФОТО | Убаво дело во Велес: Човек самоиницијативно ги средува летниковците близу основно училиште

Грижата за околината е нешто што секој од нас треба да го практикува во своето секојдневие.

Бети Давитковска од Велес сподели еден таков позитивен пример од нејзиниот град, каде еден нејзин сограѓанин самоиницијативно кова штици и ги средува летниковците во паркче близу основно училиште.

„Човекот кој ги кова искршените летниковци во паркчето кај основното училиште ‘Васил Главинов’, со свој материјал, купува клинци и боја од неговата пензија (18.000 денари, како што изјави самиот) и со мерак ги поправа – се вика Џорџ. Кој е во можност нека му донесе материјал. Човекот заслужува награда“, напиша велешанката.

Во меѓувреме, Давитковска ја сподели веста дека некој му донирал материјал на човекот, кој веднаш се зафатил со работа.

„Џорџ работи насмеан и среќен, благодарен за добриот човек што донираше материјал“, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот