Шарлот и Димитри / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Убавата внука на Грејс Кели се разведува по вторпат, но веќе има друг маж: Во прашање е познат Французин

Внуката на Грејс Кели штотуку го заврши бракот, но париските медиуми пишуваат дека нашла нова љубов.

Внуката на холивудската дива и принцеза на Монако Грејс Кели и на принцот Рение, Шарлот Казираги, неодамна се раздели од сопругот Димитри Расам по четири години брак. А, нивниот брак изгледаше како совршена заедница однадвор.

Шарлот, инаку е ќерка на принцезата Каролина, која е сестра на принцот Алберт и принцезата Стефани од Монако.

Шарлот (37) и Димитри (42) се венчаа двапати во јуни 2019 година. Шарлот, која е и амбасадорка на луксузната модна куќа „Шанел“ и филмскиот продуцент се свршија во март 2018 година, а во врска се од 2016. Тие го имаат синот Балтазар кој го добија во 2018 година, а Шарлот е и мајка на синот Рафаел (10) кој го доби со комичарот Гад Елмал.

Шарлот и Димитри / Фото: Профимедиа

Сепак, изгледа дека убавата внука на Грејс Кели не останала долго сама. Имено, таа веќе се вљубила во друг маж, а станува збор, наводно, за познатиот и наградуван писател кој живее во Франција.

Станува збор за Николас Матје, а сè уште не е познато колку долго парот е заедно, додека се чека потврда за нивната врска.

Она што е познато е дека Шарлот поднела барање за развод од Димитри во декември и дека нивниот брак е само формалност, а таа продолжила понатаму кога е љубовта во прашање. Инаку, Димитри е син на француската филмска дива Керол Буке.

Шарлот Казираги и Керол Буке / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Иако како причина за разделбата се наведува далечината, сè уште не е познато дали тоа има некаква врска со Николас. Тој и Шарлот се фотографирани во Париз, а странските медиуми пишуваат дека двојката изгледа среќно.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Николас на прв поглед немаше профил да заведе членка на монегашкиот двор. Па, сепак, меѓу нив се гледа магија – наведува „Париз мач“, кој пишува дека новопечениот пар не се разделува.

Додека Шарлот е меѓу еден од најгламурозните членови на кралското семејство во Монако, растејќи со присуство на престижни настани како Балот на розите, позадината на Николас е значително поскромна.

Осврнувајќи се на своите корени во интервју за „Резидентс“, Николс рекол: „Во моето читање, мојот копнеж да пишувам и мојата академска кариера, отсекогаш сум бил нестрплив да се дистанцирам од приказната за своето потекло во провинциската Франција од пониска средна класа“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!