Тијаго Силва/фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ФОТО: Тијаго Силва е нов фудбалер на Флуминенсе

Откако соопшти дека ќе го напушти Челси, денеска Тијаго Силва беше промовиран како нов фудбалер на бразилскиот Флуминенсе кој е актуелен шампион на Јужна Америка.

Искусниот 39-годишен играч израсна во школата на Флуминенсе, но си заминал на 16-годишна возраст, за да се врати во 2006 година, прво на позајмица од Динамо Москва, а потоа уште две сезони во кои му помогна на тимот да го освои Купот на Бразил.

Светската слава ја стекна носејќи го дресот на Милан, а играше и за ПСЖ и Челси, почнувајќи од 2020 година.

Во Бразил се враќа како еден од најдобрите дефанзивци во своето време, откако ја освои Лигата на шампионите во 2021 година, седум титули шампион на Франција и една титула во Италија.

После пет кола во бразилската Серија А за сезоната 2024 Флумименсе е дури на 16 место со пет бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!