Показна вежба на жичницата на Водно / Фото: МВР

ФОТО | „Тигрите“ имаа показна вежба за спасување од жичницата на Водно

Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух

На Водно се одржа показна вежба за спасување од жичницата „Милениумски крст“. Во показната вежба учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица – Тигар на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Показна вежба на жичницата на Водно / Фото: МВР

-Според сценариото, жичарницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струја и е блокирана цела жичница со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти, со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците останати во кабините – појаснуваат од МВР.

Показна вежба на жичницата на Водно / Фото: МВР

Преку ваквите вежби, од Министерството велат дека се стремат да ги подобрат капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани.

Показна вежба на жичницата на Водно / Фото: МВР
Показна вежба на жичницата на Водно / Фото: МВР
Показна вежба на жичницата на Водно / Фото: МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот