Фото: Инстаграм/Вера Ванг

ФОТО | „Ти ќе бидеш вечно млада“: Вера Ванг изгледа неверојатно во бикини на 74 години

Американската модна дизајнерка Вера Ванг (74) сподели фотографии во едноделен бел костим за капење со впечатливи обетки и сандали.

Легендата на светската мода отсекогаш важела за исклучително младолика жена, а и овојпат многумина ѝ упатија пофалби за младешкиот изглед.

„Ванг, времето како да застанало за тебе“, „Старееш наназад“, „Засекогаш ќе бидеш млада“, се дел од коментарите на нејзината објава.

Фото: Инстаграм/Вера Ванг
Фото: Инстаграм/Вера Ванг
Фото: Инстаграм/Вера Ванг

Модната дизајнерка е позната по тоа што „им пркоси на своите години“ и иако има прекрасна фигура, Ванг откри за „Пејџ сикс“ дека не бега од брза храна, крофни и вотка.

Како своја омилена закуска, таа ги издвои крофните од Мекдоналдс.

„Работа, спиење, коктел со вотка, малку сонце“, е рецептот на 74-годишна американска модна дизајнерка.

ФОТО | Вера Ванг објави празнични фотографиии со ќерките: Изгледате како три сестри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот